Малопродажните цени на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а дизелот поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.
Новата цена на бензинот „еуросупер-95“ ќе биде 81,50 денари за литар, на „еуросупер-98“ 84,00, а на екстра лесното масло за домаќинство 82,50.
Од полноќ новата цена на „еуродизелот“ ќе изнесува 84,00 денари по литар.