More

    Бела куќа: Бајден не се лекува од Паркинсонова болест

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден не се лекува од Паркинсонова болест, објави Белата куќа откако се појавија информации дека лекар специјализиран за оваа болест минатата година осум пати го посетил седиштето на американската администрација.

    Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференцијата одби да потврди дека докторот доаѓа, велејќи дека сака да ја почитува приватноста на сите вклучени од безбедносни причини.

    Таа додаде дека Бајден трипати бил кај невролог на неговите годишни прегледи.

    Жан Пјерова нагласи дека Бајден не се лекува од Паркинсонова болест.

    Загриженоста дека претседателот можеби боледува од непозната болест се зголеми по лошиот настап на Бајден во дебатата со републиканецот Доналд Трамп на 27 јуни.

    Њујорк Тајмс објави дека записите од посетителите на Белата куќа покажуваат дека д-р Кевин Канард, невролог специјализиран за нарушувања на движењето и кој неодамна објави труд за Паркинсоновата болест, ја посетил Белата куќа осум пати помеѓу минатото лето и оваа пролет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img