More

    Откриена е најстарата позната воздушна експлозија

    spot_img

    Космохемичарот од универзитетот Кент во Англија, Матијас ван Гинекен и неговиот тим научници откриле докази за можна експлозија на астероид над Антарктикот пред околу 2,5 милиони години. Доказите доаѓаат од хемиската анализа на над 100 ситни парчиња камен заробени во мразот на Антарктикот.

    – Оваа експлозија е најстарата позната воздушна експлозија. Во геолошките записи има само две други дамнешни воздушни експлозии, кои датираат од пред 480.000 и од пред 430.000 години – велат истражувачите.

    Тимот анализирал 116 мали парчиња камен, секое со ширина на човечко влакно. Тие се наоѓале во мразот на континентот. Во камењата доминирале минералите оливин и спинел. Тоа покажува дека камењата веројатно потекнуваат од астероидот познат како обичен хондрит. Соодносот на различните форми на кислород во камењата укажува на тоа дека биле произведени во воздушна експлозија која имала интеракција со мразот, па камењата стигнале до земјата.

    Површината на Земјата и другите каменести тела се преполни со видливи кратери предизвикани од директни удари од астероиди или од комети. Но, објектот кој доаѓа понекогаш се распаѓа во воздух пред да стигне до површината на Земјата. Бидејќи тие објекти не создаваат кратери, во геолошките записи има малку докази за воздушни експлозии.

    – Но, таквите настани можат да бидат многу уништувачки. Воздушните експлозии се на височини од неколку километри до десетици километри, па огромната кинетичка енергија од телото се пренесува во атмосферата во форма на ударни бранови и термална радијација – вели ван Гинекен.

    Пример за тоа е експлoзијата на астероид во 2013 година високо над рускиот град Чељабинск. Ударниот бран стигнал до земјата и скршил илјадници прозорци. Во 1908 година се случила покатастрофална експлозија во Тунгуска, Сибир, кога тело, приближно трипати поголемо од астероидот во Чељабинск, се распаднало во атмосферата и срамнило повеќе од 2000 квадратни километри шума.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img