More

    Ања Тејлор објави невидени фотографии од церемонијата

    spot_img

    Актерката Ања Тејлор-Џој го потврди бракот со Малколм Мекреј, откривајќи дека тие се венчале во тајност пред две години. Ѕвездата на „The Queen’s Gambit“ му посака на својот сопруг „среќна втора годишнина од брак“ на Инстаграм и потсети на нивната венчавка.

    „Пред две години, на 1 април, тајно се омажив за мојот најдобар пријател во Њу Орлеанс. Магијата на тој ден е вткаена во секоја клетка од моето битие, засекогаш“, напиша таа во описот на објавата и сподели неколку фотографии од венчавката кои ја прикажуваат Ања во раскошна венчаница на „Диор“.

     

    Таа сподели и фотографија со нејзината пријателка Кара Делевињ, како и фотографија од колачи на чинија кои потсетуваат на човечко срце.

    Актерката ретко зборуваше за врската со Малколм, а тие успеаја да ја одржат истата и покрај тоа што живееја на спротивните страни на Атлантикот. Имено, Ања претежно живее во Лондон, додека Малколм, кој исто така глуми и свири во бенд, живее во САД.

    Зборувајќи за нејзината врска за британскиот „Вог“ во март 2022 година, Ања откри дека му кажала на својот партнер дека тој е како нејзино „хоби“.

    „Конечно најдов некој кој со задоволство ќе седи во тишина со мене и ќе чита. Ние всушност имаме 7 и 80 години во исто време и тоа навистина добро функционира“, изјави таа. Зборувајќи за врската на далечина, таа истакна дека е тешко да се одржи, но дека е и одлично бидејќи така „го ценат времето што го поминуваат заедно“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img