More

    Британскиот актер е помлад 15 години од пејачката

    spot_img

    Латино ѕвездата Шакира е во врска со британскиот актер Лусиен Лависконт, пренесуваат странските медиуми. Двојката се зближила во февруари на снимањето на нејзиниот спот за „Punteria“, во кој Лусиен со голо торзо ја гали Шакира по образот. Ваквите страсни сцени веднаш ги поттикнаа гласините дека започнале романса, а сега инсајдерите ги потврдија овие шпекулации.

    Шакира и атрактивниот 31-годишен актер, сепак, сè уште не се во сериозна врска, што нејзините пријатели го дочекаа со радост, со оглед на тоа што стравуваат дека Лависконт е во врска со неа само за да стекне дополнителна слава.

    Пријателите на славната Колумбијка се плашат дека тој ќе и го скрши срцето.

    „Шакира очајно сака да се вљуби, но нејзините пријатели се загрижени затоа што Лусиен полека се искачува по скалата на славата додека излегуваше со жени дури и помалку познати од неа. Жените со кои се забавуваше порано се многу различни. Сега тој се гледа со Шакира, а таа сака љубов“, изјави извор за „Дејли мејл“.

    „Нејзините пријатели се плашат дека тој само сака луѓето да слушнат за него, а таа ќе му го даде тоа. Се гледаат, но сè уште не се во сериозна врска”, додал неименуван извор близок на пејачката.

    Тој исто така искоментирал дека сите знаат дека Шакира сè уште не го преболела Жерар Пике и дека Лусиен е само обид да го преболи раскинувањето.

    „Таа излегува со некој за кого се плашат дека е играч и дека ќе ја изигра“, заклучува инсајдерот.

    Да потсетиме, 47-годишната пејачка беше со познатиот фудбалер Пике до 2022 година, а двојката има два сина – Саша и Милан. Тие се разделија на прилично грд начин, со многу меѓусебни навреди и обвинувања, а причината е прељубата на познатиот Шпанец.

    Од друга страна, Лусиен, најпознат по серијата „Емили во Париз“, во минатото се забавувал со помалку познати пејачки како Кери Катона од групата „Atomic Kitten“ и Џеси Нелсон од бендот „Little Mix“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img