More

    Александар Ѓорчевски ,таткото на убиената Вања-Не познавам никој од осомничените за убиството на Вања

    spot_img

    Таткото на убиената 14 годишна Вања Ѓорчевска, Александар денеска пред Апелациониот суд на јавна седница побара да му се укине мерката притвор. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.

    Ѓорчевски пред судот изјави дека не познава никој од осомничените, вели за Телма неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Седницата беше јавна, но во последен момент бил известен и Туфегџиќ.

    Љупчо Палевски Палчо кој е во екстрадициски притвор во Турција е осомничен дека ја убил Вања и велешанецот Панче Жежовски. Останатите осомничени Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски исто така се во притвор.

    Вишата обвинителка Фатиме Фетаи, која го застапува обвинителството во оваа фаза пред судот рече дека треба да се одбие жалбата, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, а секако и поради мотивот за кое е сторено кривичното дело, изнуда на пари, односно користољубие.

    Ѓорчевски треба и натаму да остане во притвор, бидејќи степенот на сомневање во него е висок, порача Фетаи пред судот.

    Туфегџиќ вели дека Ѓорчевски поминува низ голгота и доживува уште една трагедија.

    Туфегџиќ очекува Апелациониот суд брзо да ја донесе одлуката, бидејќи притворот на Ѓорчевски е продолжен до 5 март.

    МВР и обвинителството врз основа на исказите на осомничените, соопштија дека Палевски им кажал дека Ѓорчевски му ги дал информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама. Ѓорчевски и за време на распитот во обвинителството негирал било каква инволвираност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img