More

    Отпуштен е првиот човек на МАКС програмата

    spot_img

    Американскиот производител на авиони „Боинг“ почна да ги заменува членовите на менаџментот на програмата Б737 МАКС (производство на млазни авиони), што е последица на последниот инцидент со овој тип авиони.

    Компанијата веќе го отпушти Ед Кларк, првиот човек на програмата 737 Mакс со што тој ја заврши својата 18-годишна кариера во компанијата. Тој ја презеде функцијата шеф на програмата за 2021 година во време кога Боинг го зголемуваше производството на 737 Mакс по речиси двегодишно заземјување на моделот.

    Шеф на програмата ќе стане Кејти Ринголд, која до неодамна беше потпретседател на Операции за испорака на авиони B737.

    Компанијата најави и други промени во управувањето, што е последна во низата обиди на производителот да и ја докаже на јавноста својата посветеност на квалитетот на производството на авиони, во што многумина оправдано се сомневаат.

    Смените доаѓаат откако Боинг се соочува со голема криза по инцидентот на летот 1282 на Алјаска ерлајнс кога дел од трупот се одвои од Б737 Макс 9. Федералната воздухопловна администрација (ФАА) по овој инцидент нареди приземјување на 171 патнички авиони „боинг 737-9 Макс“ („Boеing 737-9 Max 9“)

    Компанијата во последниве недели го реновира својот процес за контрола на квалитетот, вклучително и зголемени инспекции во фабриката во Рентон каде што Кларк го надгледуваше производството на Mакс 9.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img