More

    Актерот го зграпчи телефонот од рака на девојката која го снимаше, таа го пцуе

    spot_img

    Познатиот актер Алек Болдвин наизглед го грабнал телефонот од рака на девојка откако таа се обидела да го натера да каже „Слободна Палестина“.

    На видеото објавено на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, во понеделникот вечерта, се гледа како една девојка оди накај Болдвин во кафуле во Њујорк.

     

    По бараните зборови да ги изговори актерот, таа продолжила да се занимава со случајот на убиството од небрежност со кое се товари Болдвин, кога ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс на сетот на филмот „Рѓа“.

    – Зошто ја уби таа госпоѓа? Ја уби таа госпоѓа, не доби затвор – рекла таа, а потоа продолжила:

    – За Алек нема затвор. Ставаш невини луѓе во затвор, Алек Болдвин. Слободна Палестина Алек. Само еднаш, и ќе те оставам на мир, се колнам.

    Болдвин отишол до влезната врата на кафулето на Менхетен и и рекол на девојката што го снимала „веднаш да излезе надвор“.

    Девојката одбила, иако некој друг исто така и рекол да си замине. Тогаш Болдвин рекол да повикаат полиција.

    „Е..ш Израел“, рекла таа, а потоа додала: „Е..ш ционизам, те молам кажи“.

    Актерот повторно влегол во кафулето, барајќи од вработениот да му направи услуга, а потоа го оттргнал телефонот од раката на девојката, а сликата нагло застанала додека раката на Болдвин одела кон објективот на камерата.

    На фотографиите се гледа како бесниот Болдвин продолжува да се кара и за малку ќе дојде до конфликт со жената. На истата снимка се гледа како жената се обидува да го врати мобилниот телефон кој 66-годишниот актер се уште го држи во рацете. Но, изгледа дека конфликтот помеѓу двајцата продолжил пред кафулето во Њујорк каде што се снимало ова.

     

    Видеото доаѓа во време на засилени пропалестински демонстрации низ целата земја, вклучително и на Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Њујорк.

    Повеќе од 100 демонстранти кампуваа на Колумбија Грин минатата недела и беа уапсени, според Асошиетед прес.

    Тензиите продолжија на универзитетот, бидејќи тие ги заклучија портите на кампусот за оние без студентски легитимации, а протестите избија и надвор од кампусот. Часовите во Колумбија исто така поминаа целосно виртуелни по зголемените протести.

    Новите фотографии на кои Алек Болдвин го отргнува мобилниот телефон на девојката која барала од него да извика „слободна Палестина“, ги објави „Њујорк пост“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img