Коментарите на Доналд Трамп за опасноста од нуклеарно оружје што „би може да ги уништи и Њујорк и Јужна Каролина со еден удар“ предизвика бројни реакции во САД.
За време на интервјуто со водителката на Фокс Њуз, Лора Инграхам, Трамп рече дека е загрижен за безбедноста на неговите поддржувачи.
– Загрижен сум за нивната безбедност. Тие луѓе, како и сите во оваа просторија, се во голема опасност во моментов. Има нуклеарно оружје кое, ако го погоди Њујорк, би ја уништило Јужна Каролина – рече Трамп.
Јужна Каролина, инаку, е родната држава на Ники Хејли, противкандидатката на Трамп во борбата за републиканската претседателска номинација.
Засега нема објаснување што точно мислел Трамп со изјавата за нуклеарното оружје, многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите тврдења.