More

    Обрадовиќ: Владата да го смени Баста и да докаже дека не е за санкции против Русија

    spot_img

    Претседателот на Српското движење Двери Бошко Обрадовиќ оцени дека поканата на министерот за економија Рад Баста до другите колеги во Владата на Србија да го кажат своето мислење во однос на воведувањето санкции против Русија како нов приоритет во работата на извршната власт. „не може да биде случајно и неиспровоцирано“.

    „Единствен начин Владата на Србија да докаже дека тоа не е нејзина нова надворешна политика е да го разреши министерот Баста. Но, пред тоа треба да се утврди дали тоа е негов личен став, во кој се сомневаме, или подготовка на јавноста за воведување санкции против Русија, кои ќе следат во пакетот со признавањето на лажната држава Косово. – се вели во писмената изјава на Обрадовиќ.

    Земјата веќе се соочува со притисок да го прифати француско-германскиот договор за признавање на Косово и сега е јасно актуелен вториот ултиматум Србија да воведе санкции кон Русија, рече Обрадовиќ, нагласувајќи дека „нема ниту една причина“ да се направи така.

    Потсетуваме, Баста побара Владата на Србија итно да прогласи воведување санкции против Русија, наведувајќи дека „Србија веќе плаќа висока цена што не воведува санкции и дека тоа станува неодржливо“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img