Пејачот подивел, па ја демолирал сцената

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Познатиот италијански пејач Рикардо Фабрикони, попознат како Бланко, фрли сенка на познатиот фестивал Санремо, кој го избира и официјалниот претставник на Италија на Евровизија.

 

Имено, Бланко, кој инаку лани ја претставуваше Италија на Евровизија, беше испратен од сцената со гласни свирежи од целиот театар Аристон.

Еден од најпопуларните италијански уметници имаше технички проблеми со мониторингот, а потоа почна да го шутира „островот“ со розите, поставен во чест на него и на неговата нова песна.

 

Набргу потоа, сцената била целосно уништена, покриена со ливчиња од розите и со трње, а свирежите станувале сѐ погласни и побројни.

– Звукот не функционираше. Извинете, не можев да ги слушнам слушалките, не можев да го слушнам гласот, но сепак уживав – се правдал тој.

Да потсетиме, синоќа со едноминутно молчење за жртвите од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија започна 73. фестивал Санремо.

ФОТО: Јутјуб

Share This Article