More

    Порно-актерот прогласен за неспособен за судење

    spot_img

    Поранешниот порно-актер Рон Џереми е префрлен во болница за душевни заболувања откако беше прогласен за неспособен на судењето за силување и другите обвиненија, соопшти вчера Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес.

    Џереми (69) е обвинет за повеќе од 30 точки за сексуален напад, вклучувајќи и 12 случаи на силување во областа на Лос Анџелес во период од 23 години. Тој се изјасни за невин, беше прогласен за ментално неспособен да му се суди и потоа е предаден во државна установа за психички нарушувања.

    Сослушувањето за напредокот на Џереми е закажано за 8 мај. Тој може да биде задржан в болница до две години, изјави Грег Рислинг, портпарол на обвинителството.

    Рон Џереми беше едно од најпознатите имиња во порно-индустријата, со над 2.000 филмови зад себе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img