Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 степени.
Во Скопје, претежно сончево и тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени.Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота попладне ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Врнежите ќе бидат пообилни во недела, кога ќе дува засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури.