Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ наводно е заинтересиран да купи земјиште на црногорското крајбрежје, каде со поддршка на инвестициски фонд од Емиратите би го изградил првиот терен за голф со 18 дупки, со хотел и други објекти.
Повеќе извори потврдија дека Ѓоковиќ рекол дека е планирана инвестиција од над 300 милиони евра.
Ѓоковиќ дојде во Црна Гора на крајот на јануари за наводно да го види потенцијалот на локацијата за која е заинтересиран.