More

    Италијанските власти денеска прогласија црвена тревога за делови од регионот Венето поради екстремни временски услови

    spot_img

    Италијанските власти денеска прогласија црвена тревога за делови од регионот Венето поради екстремни временски услови.

    Тоа се случува во време кога бранот обилни врнежи и силен ветар продолжува да погодува поголем дел од Италија.

    Останатите делови од регионите Венето и Емилија-Ромања се под портокалова тревога, втора по сила, поради временските услови кои исто така донесоа обилни снежни врнежи во областите на повисоки надморски височини, пренесува Анса.

    Сообраќајот на линијата Милано-Венеција меѓу Виченца и Падова и денеска е во прекин откако возовите вчера беа запрени поради опасност од поплави и свлечишта.

    Во Лигурија дојде до лизгање на земјиштето кое отсече околу 1.000 луѓе во селото Пиве Лигуре на периферијата на Џенова.

    Обилните врнежи го зголемија нивото на многу реки, а некои се опасно блиску до излевање. Реката Арно е меѓу оние кои внимателно се следат, соопштија италијанските власти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img