Background

Европската Унија му понуди на Киев свој договор за ретки минерали откако САД кажаа дека се блиску до постигнување договор со Украина за пристап до нејзините огромни природни богатства

Европската Унија му понуди на Киев свој договор за ретки минерали откако САД кажаа дека се блиску до постигнување договор со Украина за пристап до нејзините огромни природни богатства, објави Политико.

Еврокомесарот за индустриска стратегија, Стефан Сежурне, изјави дека им го доставил ривалскиот предлог на украинските власти при вчерашната посета на Киев, кога се одбележуваа 3 години од почетокот на руската инвазија.

– Дваесет и еден од 30-те критични материјали, што ѝ требаат на Европа, можат да се обезбедат со ова партнерство со Украина кое е победа за двете страни. Дополнителната вредност на понудата на Европа е што ние никогаш не би барале договор кој не е од заемна корист – кажа Сежурне.

- Advertisement -
Ad image

Трамп и Белата куќа во изминатиот период агресивно ја притискаа Украина да го потпише договорот за ретки минерали, според кој САД би добиле пристап до украински природни богатства во вредност од 500 милијарди долари како компензација за американската поддршка во војната против Русија.

Володимир Зеленски неодамна кажа дека одбил да го потпише понудениот нацрт-договор зашто не нудел никакви безбедносни гаранции за Украина, туку само САД имале корист од него.

– Нема да потпишам ништо што следните 10 генерации Украинци би требало да го враќаат – кажа Зеленски во неделата.
Инаку, украинските власти проценуваат дека околу 5% од светските „критични суровини“ се наоѓаат во таа земја.

Меѓу нив има околу 19 милиони тони резерви на графит, што, според Украинската Државна геолошка агенција, ја прави Украина „меѓу петте водечки земји“ во однос на резервите на овој вреден минерал. Графитот е клучен за производство на батерии за електрични возила.

Покрај тоа, Украина има една третина од сите европски наслаги на литиум, што е исто така важно за производство на модерни батерии.

Пред руската инвазија, Украина имаше 7% од глобалното производство на титаниум, лесен метал што се користи во изградбата на сè, од авиони до електрани.

Понатаму, Украина има значителни резерви на ретки метали – група од 17 елементи кои се користат во производството на оружје, турбини на ветер, електроника и други производи клучни за модерната технологија.

Дел од овие наоѓалишта на минерали беа преземени од Русија. Според украинската министерка Јулија Свириденко, ресурсите во вредност од околу 350 милијарди долари во моментов се наоѓаат на окупираните територии.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation