Фицо откри дека му понудил половина милијарда евра за поддршка за членство на Украина во НАТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словачкиот премиер Роберт Фицо на самитот на лидерите на Европската Унија изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му понудил 500 милиони евра од рускиот имот во замена Словачка да гласа за членство на Украина во НАТО, пишува денеска Политико.

Како што рекол Фицо за време на самитот во четвртокот, Зеленски ѝ понудил на Словачка 500 милиони евра замрзнати руски средства. Се очекува дека Словачка ќе изгуби многу пари откако Киев ќе го прекине трансферот на руски гас преку Украина од 1 јануари.

Условот, според Фицо, бил словачка поддршка за пристапот на Украина во НАТО. Словачкиот премиер рече дека ја одбил понудата.

„Зеленски ме праша дали би гласал за членство во НАТО ако ми даде 500 милиони евра руски имот, а јас секако реков – никогаш“, рече Фицо.

Зеленски во четвртокот објави дека Украина нема да го обнови договорот за транзит на руски гас преку украинска територија, кој истекува на 31 декември, за да ја спречи Русија да „заработи милијарди“ додека трае војната во Украина.

Оваа одлука предизвика загриженост во Словачка, Унгарија, Италија и во Австрија, чии државни енергетски компании во заедничка декларација повикаа на продолжување на транзитот на гас преку Украина.

Словачките медиуми објавија дека Зеленски и Фицо разговарале за ова прашање, но дека деталите не се познати.

Share This Article