Плажите во Сиднеј повторно се отворени за капачите откако властите отстранија илјадници црни топки од плажите за кои тестовите покажаа дека се предизвикани од хемикалии слични на оние кои се наоѓаат во козметиката и производите за чистење.
Морето на Брегот во Сиднеј исфрли околу 2.000 мистериозни црни топки, некои со големина на топчиња за голф поради што беа затворени 8 плажи, вклучувајќи ја и иконската плажа Бонди. Се стравуваше дека топчињата може да се отровни.
– По совет на Агенцијата за заштита на животната средина, сега можеме да потврдиме дека пелетите се составени од масни киселини, хемикалии конзистентни со оние кои се наоѓаат во средствата за чистење и козметиката и малку мазут. Ако ги видите овие топки, пријавете ги на спасителите. Ако случајно допрете едно, измијте ги рацете со сапун и вода или бебешко масло – изјави извршниот директор на NSW Maritime, Марк Хачингс.
Тој додаде дека топчињата не се штетни по здравјето кога се оставаат на песок, но дека не треба да се допираат.
Управата за заштита на животната средина на Нов Јужен Велс соопшти дека лабораториските тестирања продолжуваат со цел да се утврди од каде дошле топчињата.
– Сè уште не е јасно од каде доаѓаат и ќе ни требаат уште неколку дена за да го утврдиме тоа – рече извршниот директор на ЕПА, Стивен Биман.