Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа вечерва на домашен терен против Тиват со 68-50 (35-26) во воведниот натпревар од новата сезона во регионалната АБА 2 лига. Најефикасен во редовите на актуелниот македонски кошаркарски првак беа Војдан Стојановски со 13 и Марко Баковиќ со 12 поени.
Со вечерашниот дуел во рамки на групата А, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, почна новата сезона во АБА 2 лигата во која македонската клупска кошарка ќе има тројца претставници.
Скопски Работнички ќе ја почне сезоната од групата „Б“ во која за ривали ги има Војводина од Нови Сад, Сутјеска од Никшиќ, и сараевска Босна.
Скопски Работнички в четврток е домаќин на уште еден црногорски претставник, Сутјеска, додека својот натпревар од премиерното коло од новата сезона Пелистер ќе го одигра на 1. октомври на домашен терен против Широки.