More

    Македонските ракометари го прославија пласманот на Светското првенство

    spot_img

    Машката ракометна репрезентација на Македонија со победата над Фарски Острови со 34-26 во вториот натпревар од баражот успеа да ја анулира негативата и го завери пласманот на Светското првенство што ќе се одржи во јануари наредната година во Хрватска, Норвешка и во Данска. За најуспешната македонска репрезентација ова ќе биде 7 светско првенство по ред од вкупните 9 настапи на ракометните мундијали.

    Македонските ракометари имаа голема поддршка од публиката во полната салата „Борис Трајковски“. Од трибините ечеа познатите навивачки химни и „Едно имаме имаме…“. По победата што ги носи на СП, весело беше и во соблекувалната на македонската репрезентација.

     

    Светското првенство ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година, домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка. На 29 мај во Хрватска ќе се одржи ждрепката со која ќе бидат одредени групите од прелиминарната фаза на СП. Македонија е во третиот шешир заедно со селекциите на Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија и Алжир кои ги избегнува во првата фаза на СП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img