18-годишниот Ф.Ј. од Белград, Србија, е тешко ранет во жестока пресметка што се случила рано утринава на „Лабудово Брдо“ во белградска Раковица и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Пукотниците се случиле нешто пред 3 часот на улицата 11-та Краина дивизија, а младиот човек во бесознание со тешки повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран.
Како што пишуваат српските медиуми, полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачот.
Како што неофицијално се дознава, 18-годишникот седел во автомобилот. Непознато лице му пришло и испукало неколку истрели кон него, од кои еден завршил во градите на младиот човек.
Неговиот татко со истиот автомобил го пренел во Ургентниот центар.