More

    Бербата на јаболката поради климатските промени годинава почна порано и со откупни цени кои се далеку под производната цена и квалитетот на јаболкото

    spot_img

    Бербата на јаболката поради климатските промени годинава почна порано и со откупни цени кои се далеку под производната цена и квалитетот на јаболкото. Овоштарите велат дека поради температурните разлики и болеста предизвикана од габата „ервинија“ приносите се за 40% пониски од лани, но квалитетот на јаболкото е висок.

    Овоштарите и годинава се незадоволни од откупната цена која им се наметнува од трговците и во чие формирање нe учествуваат. Индустриското јаболко веќе се откупува по цена од 8 денари килограм, а откупната цена цената за трпезното јаболко се движи од 17 до 22 денари за килограм.

    Пресметките на овоштарите се дека исплатлива цена на годинашното производство би била од 20 денари за понеквалитетното јаболко до 25 денари за најквалитетното јаболко.

    – Со оглед дека нашите трошоци заедно со трошоците за работна рака годинава се енормно зголемени, откупните цени со кои почна сезоната се ниски. Во наредниот период очекуваме откупот на индустриското јаболко кое се бара во моментот да порасне за 2 денари, на 10 денари за килограм. Не може да се каже дека трпезното јаболко ќе има повисока цена бидејќи овоштарите не учествуваат во формирањето на оваа цена. Малите и големите трговци заедно ја формираат цената и со неа настапуваат пред земјоделците. Но, за разлика од порано веќе кај овоштарите се јавува интерес и тие да формираат цена со која би преговарале за откупот. Па се надевам дека веќе следната година како производители ќе учествуваме во формирањето на откупната цена – вели претседателот на здружението на овоштари Љубе Пампулески.

    Годинава овоштарите загубија 40% од приносите како резултат на сушата и дневните нагли промени на температурата кои предизвикаа здравите јаболка да паѓаат од дрвјата и да завршуваат како индустриски, но и како резултат на болеста „ервинија“ која ги зафати овошките во април.

    – Нашите процени се дека овошките загубија 25-30% од родот поради болеста, а неколкуте дневни температурни разлики, сушата и неможноста дел од површините да се наводнуваат, исто така придонесоа за намалување на родот за 20-30%. За годинава очекувавме меѓу 90.000 – 100.000 тони вкупен род, но мислам дека ќе биде понизок за овие проценти. Сепак, секој земјоделец ќе може да каже колку загубил на крајот на бербата – вели Пампулески.

    Овоштарите велат дека иако приносите се пониски од планираното квалитетот на јаболкото годинава е висок. Според нивните процени, две третини од производството се со висок квалитет, а една третина ќе заврши како индустриско не само поради тоа што не се квалитетни, туку и поради наглите дневни температурни разлики кои предизвикаа квалитетното овошје да паѓа од дрвјата.

    Овоштарите сметаат дека годинашното производство е доволно да го задоволи домашниот пазар и дел од него да се пласира на регионалните пазари каде што исто така поради климатските промени производството на јаболка е намалено.

    Овоштарите се жалат дека покрај тоа што ја нема, работната рака годинава е поскапена. Сега за осумчасовна работа со јадење и сместување работниците бараат 2.000 денари дневница. Цената и натаму расте, па дел од берачите кои главно се од Албанија бараат и по 2.300 денари.

    – Нашите пресметки се дека за осумчасовна берба со еден или два оброка цената треба да биде 1.600 денари. Но како и за откупната цена другите ја формираат цената, а овоштарите се принудени да прифатат или не. Но реално е да има различна цена кај овоштарите кои покрај надницата даваат со јадење и сместување и оние кои не нудат такви услови – вели Пампулески.

    Проблемот, вели тој, очекуваат да го надминат со ангажирање домашни работници, пензионери или невработени од останатите региони и градовите во земјата.

    – Веќе преговараме со поединци кои ветуваат дека ќе донесат по 30 до 50 работници од други градови во земјава главно невработени или пензионери кои сакаат да заработат дополнителни пари во текот на бербата и се надеваме дека со официјалниот почеток на бербата кој стартува на 27 септември ќе ги имаме и домашни работници. Нашите млади летово заминаа во Хрватска и голем дел од нив не се вратија за бербата, па проблемот дополнително се зголеми – додава Пампулески.

    Овоштарите се загрижени и за тоа како ќе помине бербата во октомври со оглед на променливите временски услови во кои е можно и натамошно оштетување на родот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img