More

    Овојпат Брисел нема да има срце да нѐ одбие

    spot_img

    „Француски предлог плус“ е супер решение на македонската Влада за излез од ќор-сокакот во кој се најдовме на патот кон Европската Унија, бидејќи со овој предлог нудиме гаранција дека ќе ги внесеме Бугарите во Уставот на крајот на преговарачкиот процес, но и дека во меѓувреме ќе се стопира билатерализацијата во пристапните преговори.

    Вака политичките аналитичари од областа на дипломатијата ја коментираат идејата на македонските власти утре и задутре во Брисел да го презентираат новото решение, посочувајќи дека овојпат големи се шансите, токму во време кога Унгарија претседава со Унијата, да ни бидат „услишени молитвите“.

    Не прифаќаме диктат и точка

    Марјан Ѓорчев, поранешен македонски амбасадор во Бугарија, во разговор за Плусинфо вели дека Македонија направи доволно отстапки во минатото, па редно време е сега да видиме дека и на Брисел му е подеднакво важно проширувањето на Унијата.

    Марјан ЃорчевПоранешен амбасадор

    Замислете, во 1980-те, кога Грција се бореше за членство во ЕУ, некој да им речеше на Грците дека мора да ги внесат малцинствата во Уставот доколку сакаат да бидат дел од европското семејство. Или, пак, во периодот пред 2007 година, кога Бугарија водеше битки за да стане членка на ЕУ, некој да им речеше на Бугарите дека треба да ги внесат Турците во Уставот доколку сакаат да бидат членки на Унијата.

    – Предлогот е разумен, исправен и правно издржан. Нема потреба да го отвораме Уставот само затоа што сме уценети да го направиме тоа. Ние ги третираме Бугарите како и сите други народи и немаме никаков проблем да ги вметнеме во нашиот Устав, кој, рака на срце, е еден од најлибералните во регионот. Но, непримерно е да се менува Устав под диктат. Еднаш веќе го променивме државното име под диктат и јас мислам дека си ја научивме лекцијата. Затоа велам дека новото решение „Француски предлог плус“ е повеќе од добредојдено во моментов, бидејќи на тој начин ќе им покажеме во Брисел дека не се откажуваме, дека носиме одлуки, дека работиме на реформите и дека сме посветени на преговорите, дури и прифаќаме со собраниска одлука да ги направиме уставните измени, но единствениот услов е активацијата да се случи на крајот од пристапниот процес. Многу ли бараме? – прашува Ѓорчев.

    Тој не очекува Брисел веднаш да донесе одлука во поглед на „Францускиот предлог плус“, но како што вели, можно е на некоја од наредните седници да добиеме позитивен одговор.

    – Премиерот Христијан Мицкоски деновиве ќе го презентира решението во Брисел и очекувано е веднаш да не добиеме никаков одговор, но исто така очекувано е на некоја од следните седници, во зависност и од другите поголеми случувања на континентот, да слушнеме позитивно мислење кое ќе биде прифатливо за поголемиот дел од земјите-членки на Унијата. Како што знаете, Унгарија сега претседава со ЕУ, а оваа земја е наш голем пријател и поддржувач, така што, големи се шансите наскоро да го добиеме она што го бараме. Ние досега имаме направено многу отстапки, па сега редно е еднаш и Брисел да биде фер и конечно да престане да нѐ уценува со уставни измени. Замислете, во 1980-те, кога Грција се бореше за членство во ЕУ, некој да им речеше на Грците дека мора да ги внесат малцинствата во Уставот доколку сакаат да бидат дел од европското семејство. Или, пак, во периодот пред 2007 година, кога Бугарија водеше битки за да стане членка на ЕУ, некој да им речеше на Бугарите дека треба да ги внесат Турците во Уставот доколку сакаат да бидат членки на Унијата. Јас сум сигурен дека ниту Грците, ниту Бугарите, ќе прифатеа таков диктат. Тогаш, зошто ние да прифатиме? – објаснува Ѓорчев.

    Извори од македонското МНР, пак, велат дека за да се прифати предлогот за уставни измени со одложено дејство, нема да има потреба да се сменат заклучоците, бидејќи тие веќе се правен документ.

    – Во меѓународните односи нема гаранција, но владата ќе бара и ќе нуди решенија. Македонија веќе има направено премногу отстапки и немаме доверба дека уставните измени со Бугарија ќе бидат последната билатерлна отстапка во преговорите – брифираат од МНР.

    „Цртаме нов пат и нудиме логично решение“

    Францускиот предлог плус е надополнување на сето тоа што постои во моментов како фактичка состојба, а целта е ние да бидеме апсолутно сигурни, без никаква дилема, дека нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, објасни министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

    Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети нам, а ќе ви штети и вам, па ајде да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение. Поборници сме на концептот дека брзоплети одлуки во надворешната политика носат добри решенија.

    Тимчо МуцунскиМинистер за надворешни работи

    – Тоа не значи дека некоја земја членка по тој пат нема да може да нѐ блокира по однос на неиспорачување реформи во делот на јавни финансии, по однос на неиспорачување на реформи во делот на владеење на правото, но да престанат овие билатерални барања коишто повеќе од 30 години нѐ влечат нас. Гаранцијата примарно ја бараме преку институциите на Европската Унија, на начин што ќе има сериозна посветеност не само кон нас, туку и кон регионот. И сметаме дека покрај одложената примена на уставните измени, примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и воспоставување на некој систем помеѓу нашата држава и европските институции, може да биде праведлив пат напред – изјави Муцунски.

    Според него, кога има желба кај земјите-членки, тогаш ќе се најде и начин да се убеди членка којашто прави проблем, доколку е стратешко прашањето. Прашањето е, како што вели министерот, дали ЕУ е искрена дека сака да се прошири кон Западниот Балкан.

    – Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети нам, а ќе ви штети и вам, па ајде да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение. Поборници сме на концептот дека брзоплети одлуки во надворешната политика носат добри решенија. Видовме како една претходна власт, по неколку месеци формирање на Владата, сакаше да наметне дека таа ги наоѓа најсоодветните решенија во надворешната политика, па нѐ доведе до оваа ситуација со протоколи, со уставни промени, со милион проблеми од техничка природа, со наводно подобрување на меѓусебните односи, но потоа сѐ што ќе им побараа – прифаќаа. И сега ние сме доведени до таква ситуација кога треба работата од многу подредена состојба да ја извадиме на ситуација каде што имаме барем минимално достоинство и интегритет да ја движиме државата напред – изјави Муцунски во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на МРТВ.

    „Не сме за решение по секоја цена“

    За патувањето на премиерот Христијан Мицкоски во Брисел неделава, министерот Муцунски вели дека „премиерот во Брисел ќе го повтори и ќе го презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период“.

    – Тоа што ќе го каже Мицкоски е тоа што го кажуваме подолг период на средбите со нашите меѓународни партнери. Ние сакаме решение, сакаме конструктивни и добри односи, но истовремено не сме за решение по секоја цена, затоа што такво решение не е ниту во наш интерес, ниту во интерес на европските чинители. Граѓаните треба да бидат сигурни дека имаат Влада што сето тоа што го зборува во јавност, го зборува на сите наши средби. Ние, секако, за овие прашања се консултираме и со сите наши клучни стратешки партнери, и ќе повторам уште еднаш дека сме земја-членка на НАТО, а претендираме да станеме земја-членка на ЕУ. Сакаме да бидеме земја што ќе биде симбол за стабилност. Од таа гледна точка, премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и ќе презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период – изјави Муцунски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img