More

    (ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

    spot_img

    Додека полицајците на граничниот премин Блаце се казнуваат на плата, додека министерот за внатрешни работи најавува мерки за заштита на државниот буџет од злоупотреби, власта секој ден носи нови одлуки за вдомување партиски кадри на измислени позиции. И во МВР тоа се случува на големо. Министерот Тошковски и заменик министерот Исени наредиле огромна листа на советници, со огромни плати и до 66 илјади денари, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

     

    -Само за овие 23 советници во кабинетот на министерот и на заменикот министер граѓаните на Македонија ќе плаќаат околу 1 милион денари секој месец. На коалициските партнери во власта не им е доволно тоа што имаат министри, заменици министри, државни секретари, директори, сега се измислуваат функции и позиции за вдомување. Од координатори, национални координатори, заменик на заменикот директор еве дојдоа до паралелни кабинети со бројни советници. Кога се функции и фотелји во прашања нема мерка за доста кај ДПМНЕ. Ова е класична партизација со која се ограбува буџетот за задоволување на апетите на партиите на власт- истакна Кузеска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img