Арбен Таравари е разрешен од фукцијата претседател на Алијасна на Албанците со одлука на членовите на денешното Централното собрание на партијата, пренесува Република.
За разрешување на Таравари гласале 106 членови на Централното собрание на Алијанса на Албанците, еден од бил „против“ и еден отсутен.
Таравари одлучи за парламентарните избори да се приклучи кон албанскиот опозициски блок додека Алијанса за Албанците е дел од владината коалиција.
„Неуспешни се напорите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат „чија е партијата“. Од денеска повеќе не се занимаваме со оваа работа. Секој што има поплаки нека се обрати до Судот. Нашата кауза е промената што започнува!“ – објави набрзо потоа Таравари, кој не присуствуваше на седницата на Собранието.
Новиот лидер на Алијанса на Албанците ќе биде избран на Конгресот на партијата кој е закажан за седум дена.