Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од 5 месеци до 4 години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објвија Вечерње новости.
Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено.
Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без одговор на прашањето што е причината за толку долгите листи на чекање, наведува весникот.
Како причина за долгогодишното чекање за импланти на колк и операција на коленото, поранешната министерка за здравство Даница Грујичиќ рече дека мисли дека намерно се прават долги листи на чекање, за луѓето да бидат принудени да плаќаат за приватни операции.