More

    Францускиот претседател Емануел Макрон повика на предвремени избори по поразот на неговата партија на изборите за Европскиот парламент минатата недела

    spot_img

    Играчите и стручниот штаб на француската фудбалска репрезентација, кои најверојатно сè уште ќе бидат во Германија и ќе играат на европското фудбалско првенство кога нивната земја ќе излезе на гласање подоцна овој месец, се согласија да гласаат со полномошник на парламентарните избори. Француските фудбалери додека настапуваат на ЕУРО 2024 се грижат и за политиката во нивната земја при што некои изразија шокираност од резултатите на европските избори и загриженост за свртувањето на земјата кон десно.

    Францускиот претседател Емануел Макрон повика на предвремени избори по поразот на неговата партија на изборите за Европскиот парламент минатата недела.

    Француските гласачи на 30 јуни и на 7 јули ќе излезат на гласачките места за да изберат нов состав на парламентот.

    На ЕУРО 2024, групната фаза за Франција со дуелите со Австрија, Холандија и Полска ќе биде завршена до 30 јуни. Но, „триколорите“ се сметаат за фаворити за пласман во нокаут-фазата, а многумина предвидуваат дека тимот ќе го освои ЕУРО 2024, а финалето во Берлин е закажано за 14 јули.

    Дневниот весник Le Parisien објави дека речиси 40 членови на францускиот тим и помошниот персонал сакале да го искористат своето право да назначат полномошник, како што е член на семејството, да гласа за нив на избирачкото место.

    Некои од француските репрезентативци меѓу кои и ѕвездата на Интер, Маркус Турам, изразија загриженост за актуелната политичка клима во Франција.

    Партијата на Макрон доби нешто помалку од 15%, во споредба со повеќе од 31% за десничарската партија Национален собир.

    Турам дознал за резултатот од европските избори по пријателскиот натпревар на Франција против Канада.

    – Сите бевме малку шокирани во соблекувалната. Ситуацијата во Франција е тажна, сериозна е – изјави Турам на прес-конференцијата по мечот.

    Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле исто така ја истакна важноста на гласањето. Тој рече дека прочитал дека секој втор Французин не гласал на европските избори.

    – Мораме да ги мобилизираме да гласаат – рече Дембеле.

    Ветеранот Оливие Жиру исто така се вклучи во политичката кампања.

    – Ако треба да му дадам на францускиот народ само еден совет, тоа би било да гласаат. Неизлегувањето на речиси половина од гласачите не е нормално – истакна Жиру.

    Според податоците на Европскиот парламент, во Франција гласале 51,5% од граѓаните со право на глас во Франција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img