More

    Премиерниот натпревар на ЕУРО 2024 го следеле над 22 милиони телевизиски гледачи во Германија

    spot_img

    Воведниот натпревар на Европското фудбалско првенство во Германија во кој домаќинот синоќа ја совлада Шкотска со 5-1 во Минхен, собра 22,49 милиони гледачи пред германскиот јавен сервис ЗДФ.

    Ова е надминување на бројката од 17 милиони гледачи кои ги следеа натпреварите меѓу Германија против Шпанија и Костарика за време на Светското првенство во Катар  во 2022 година.

    Во 2022 година, најголема гледаност од 18 милиони гледачи постигна женската репрезентација на Германија во финалето на Европското првенство против Англија.

    За време на последното ЕВРО2021, четири од натпреварите на Германија надминаа 20 милиони гледачи, со максимум од 27,36 милиони за осминафиналето во кое германската репрезентација загуби од Англија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img