More

    Амбасадор Кошар: Франција, Италија и Германија имаат намера брзо да се вратат во регионот

    spot_img

    Европската заедница неодамнешните настани на северот на Косово, во селото Бањска ги толкува како тежок удар за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, изјави во емисијата „Јуроњуз центар“ францускиот амбасадор во Србија, Пјер Кошар.

    Сега има притисок на двете страни, потврди Кошар и прецизира дека се очекува Србија да ја утврди вистината за овие настани, да ги извади одговорните и да продолжи понатаму.

    Кошар додаде дека само конечниот епилог од тој инцидент може да влијае на воспоставување нормализација на северот на Косово и тоа е клучно за натамошниот тек на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ.

    Тој нагласува дека апсењето на Милан Радоичиќ е првиот чекор во таа насока, но смета и дека е важно да се објаснат сите детали од инцидентот, за во иднина да не се случуваат слични инциденти.

    Кошар вели и дека прашањето за санкциите против Србија поради последните настани не е во фокусот на европските претставници, туку исклучиво пристигнувањето на клучните и официјални факти за она што се случи ноќта меѓу 23 и 24 септември на северот на Косово.

    Коментирајќи ги наводите дека меѓународната петорка би можела повторно да дојде во Белград, Косар рече дека постои намера Франција, Германија и Италија брзо да се вратат во регионот.

    Мислам дека ќе имаме притисок кој ќе биде засилен на двете страни за да дојдеме до нормализација во блиска иднина“, посочи Кошар и рече дека тоа што е прифатено во Охрид останува неспомнато.

    Како што прецизираше, од една страна е создавањето на ЗСО, а од друга страна дека Србија нема да се спротивстави на одреден број акции на Косово кон меѓународно членство во некои организации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img