More

    Србија погодена од силно невреме

    spot_img

    Србија денеска беше погодена од силно невреме проследено со дожд, силен ветар и во некои делови со силни врнежи од град. На удар на невремето посебно беше градот Чачак и неговата околина, Краљево како и околината на Ужице и на Пожега.

    „Во делови на Чачак од најсилниот облак денеска се забележани големи зрнца град! Невремето се движи од околината на Краљево кон исток и североисток. Урагански ветрови и град со пречник до 10 сантиметри, во потесното подрачје, можни се и во наредните часови“ – предупредија од метереолошката компанија Хаилц Србија.

     

     

    На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии од невремето кое денеска ја зафати западна Србија. Особено внимание предизвика необичниот облик на големите парчиња град со необичен облик кој потсетува на формата на корона вирусот.

     

    Метеоролошката компанија Хаилц издаде итно предупредување за најсилното невреме формирано во овој дел од годината.

    Облакот се движи  кон околината на Ужице и Пожега и ќе продолжи кон областа Гуча, Чачак и кон околината на Краљево. Не се исклучени парчиња град со дијаметар од 10 cm и удари на ветер од 35+ m/s.

    Српскиот хидрометереолошки завод издаде највисоко ниво на предупредување. Во поголемиот дел од земјата е издаден портокалов метео аларм. Црвеното (највисоко) ниво на предупредување денеска е издадено за источна Србија, а утре за југоисточна Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img