More

    Ја силувал малолетната ќерка секој втор ден, осуден е за 267 кривични дела

    spot_img

    45-годишен монструм од Сплит кој за 5 години 267 пати ја силувал својата малолетна ќерка, во Жупанискиот суд во Сплит  осуден е на казна затвор од 40 години. Се започнало во 2018 година кога девојчето имало само 5 години.

    Во судскиот процес беа откриени стравични детали за грозоморниот чин што го спроведувал таткото врз својата малолетна ќерка. Ја силувал во просек еднаш неделно, а последниот месец еднаш на два дена. Освен првото злосторство што се случило во камп кај Шибеник, сѐ се случувало во семејниот стан, во собата и во бања. Мајката на девојчето и сопругата на обвинетиот е тешко болна и непокретна, а нејзината состојба рапидно се влошува, пренесува Далматински портал.

    Обвинетиот е осуден за 267 кривични дела на сексуална злоупотреба на дете и кривично дело повреда на детски права.

    Монструмот на својата ќерка и забранувал секакви социјални контакти, ја носел на училиште и ја пречекувал после часовите за да не се дружи со другите деца. Дури и забранил да ги посетува бабата и дедо ѝ по мајка кои живеат во истата зграда. Со денови не ја пуштал да излезе од дома, а кога бил незадоволен од нејзиното однесување, ја удирал по главата и по стомакот. Девојчето било присилувано пред него со часови да се капе гола во кадата.

    За секое кривично дело сексуална злоупотреба на дете обвинетиот добил по 5 години затвор, а за повреда на правата на детето е осуден на 3 години затвор и изречена му е единствена и максимална казна затвор од 40 години.

    Хрватските медиуми пренесуваат дека таткотом монструм без емоции го следел објавувањето на пресудата. По објавувањето на казната тој е вратен во затворот во Сплит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img