More

    Шпанскиот суд ја отфрли втората даночна истрага против пејачката Шакира

    spot_img

    Шпанскиот суд ја отфрли втората даночна истрага против пејачката Шакира.

    Како што пишува АП, обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија откако судот во градот Есплугес де Лобрегат во близина на Барселона објасни дека нема докази за тврдењата дека пејачката „свесно и доброволно ги изоставила информациите и документацијата“ при подготвувањето на даночната пријава во 2018 година.

    Потсетуваме, Шакира минатата година се спогоди со шпанското обвинителство во врска со обвинението дека избегнала да плати 14,5 милиони евра данок во периодот од 2012 до 2014 година.

    На пејачката ѝ се закануваше и истрага за наводна измама со данок на доход и имот во 2018 година, која сега е отфрлена.

    Шакира живееше во Барселона со фудбалерот Жерар Пике и нивните синови Милан и Саша, а по раскинувањето на врската со децата се пресели во Мајами.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img