More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 17 Април, 2024

    spot_img

    На 16.04 2024 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(22) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

     На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево. При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.

     На 16.04.2024 во 09.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(19) од истото село. Тој се сомничи дека во период од 12.04. до 16.04.2024 од штала сопственост на А.И.(36) од селото одзел неколку грла добиток. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.    

     На 16.04.2024 во 03.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека, откако избегал од казнено – поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари. Е.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

     Денеска (17.04.2024) во 01.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(36) и 20 – годишната А.С.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Денеска (17.04.2024) во 00.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     

    На 16.04.2024 во 20.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 16.04.2024 во 15.20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Г.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На  16.04.2024 во 13.06 часот во СВР Куманово,  Г.К.(61) од Куманово пријавил дека во стар помошен објект на улица „Ленинова“ во Куманово пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за топовска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

     На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, од пиротехничар при Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено дека место викано „Черти камен“ во близина на туристичка населба Отешево, ресенско, била подигната артилериска граната калибар 75.мм од Прва светска војна.  

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење… 

    Во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

     На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Волковија – Тетово, во близина на тетовски Челопек, А.Л.(61) од тетовски Челопек, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

     На 16.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај с.Другово, кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(53) од с.Ливада, струшко, удрило во пешакот С.Д.(53) од с.Другово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

     На 16.04.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.А.(30) од Скопје пријавил дека во с.Инџиково, скопско, бил каснат од куче скитник.

     На 16.04.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img