More

    Од понеделник штрајк на вработените во ФЗО Здравствениот систем пред колапс

    spot_img

    Македонскиот здравствен систем пред целосен колапс, поради намерите на власта да ги намали платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување. Тие од понедленик стапуваат во штрајк. Ќе нема исплати на породилните и другите боледувања, ќе нема пари за матичните лекари ниту плати за вработените во јавното здравство. Ќе нема ниту исплати кон аптеките, за лековите кои се на рецепт. Велат, ќе работат само на итни случаи.

    „Сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите“, наведено е во соопштението од Синдикатот при ФЗО.

    Од Синдикатот на ФЗОМ велат дека на шалтерите ќе има само по едно лице, кое ќе работи само неодложни задачи, како воведувањето на малолетници во осигурителниот систем, покритија за хоспитализирани пациенти или лекувања во странство. Оттаму предупредија за ова уште во понеделникот, кога во знак на револт излегоа на протест пред просториите на фондот. Порачаа дека ова доаѓа откако владата препорачала намалување на нивните плати оа 21%, што пак засега над 800 вработени, од кои на дел, примањата ќе им паднат под минималната плата.

    Од Министерството за финансии не отстапуваат, велат буџетот на Фондот немал пари за плати.

    „Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

    Синдикатите и раководството на фондот лани постигнаа договор за покачување на платите во висина од 15% во неколку фази, додека пак одлуката за намалување од 21% се уште не е донесена. Таа во моментов е заглавена кај управниот одбор на фондот, кој е длабоко поделен и без мнозинство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img