More

    Америка го ограничи пристапот на Кина до чипови со вештачка интелигенција

    spot_img

    САД го ограничува снабдувањето и пристапот на Кина до чипови со вештачка интелигенција, што од кинеска страна е оценето како бариера во трговијата меѓу двете земји.

    -Новите американски ограничувања за извозот на чипови со вештачка интелигенција (АИ) и алатки за правење чипови во Кина создаваат бариери за трговијата меѓу двете земји –  реагираше денеска портпаролот на кинеското Министерство за трговија Хе Јадонг.

    Тој рече дека САД  произволно ги прошириле  и ги промениле правилата, како и ги заостриле и контролните мерки.

    – Ова не само што постави повеќе пречки и наметна повеќе оптоварувања на соработката на американските и кинеските компании, туку создаде и огромна несигурност за глобалната индустрија за полупроводници –  рече тој.

    Тој посочи дека потегот на САД „сериозно влијае на заемно корисната соработка на кинеските и странските компании и им штети на нивните легитимни права и интереси“, како и дека компаниите Nvidia и AMD биле погодени од тоа.

    – Кина е подготвена да работи со сите страни за зајакнување на заемно корисната соработка и промовирање на безбедноста и стабилноста на светската индустрија за полупроводници и синџирот на снабдување – рече Јадонг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img