More

    Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска патува за САД, каде ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, на кој Алијансата одбележува 75 години од формирањето

    spot_img

    Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска патува за САД, каде ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, на кој Алијансата одбележува 75 години од формирањето.

    Во делегацијата на премиерот се министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во видео објавено на својот Фејсбук профил, порача дека настанот е одлична прилика да го „демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“.

    „Денес патуваме за САД, каде делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон. Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка. Ние и понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2% од БДП инвестиции во одбраната како и со поддршката која ја даваме на Украина“, порача Муцунски во видео обраќање.

    Лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вашингтон од 9 до 11 јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img