Раперот се фалел дека ѝ плаќал „месечна стипендија“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Раперот 50 Сент ќе бара старателство над синот што го доби со Дафне Џој, откако таа беше именувана како наводна сексуална работничка во тужбата против музичкиот магнат Шон Диди Комбс.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне во тужбата на Диди, 50 Сент ќе бара единствено старателство над неговиот син“, изјави за „ЈуЕс викли“ извор близок до ситуацијата.

 

Од тимот на раперот соопштија дека тој нема коментар за овие наводи.

Дафне и раперот беа заедно од 2011 до 2012 година. Тие се разделија набргу по раѓањето на нивниот син Сајр.

Откако дозна дека Дафне Џој, заедно со Јунг Мајами и Џејд Раими, е именувана во тужбата поднесена од Родни Лил Род Џонс против Шон Диди Комбс, раперот објави фотографија на која пуши пура.

– Не знаев дека си сексуална работничка. Ти мала сексуална работничке. Оваа глупавост станува филм – напиша 50 Сент.

 

- Advertisement -
Ad image

Според судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“, Џој Дафне е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка во наводниот синџир на сексуална трговија на Диди. Таа наводно била една од трите жени за кои раперот се „фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article