Откупот на пролетна зелка почна со цена од 40 денари за килограм

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина.

Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците.

-До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам дека ќе продолжиме по празникот. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне – смета Благој Витанов, трговец од Струмица.

И производителите се задоволни од откупната цена на пролетната зелка, која освен на откупувачите ја продаваат и на пазарот на големо во Струмица.

- Advertisement -
Ad image

– Откупната цена  засега е добра и доколку остане таква тоа ќе значи многу. Но, искуството од минатите години ни кажува дека како што расте понудата така цената паѓа. Се надевам дека нема да се случи да падне под прагот што е исплатлив за нас, односно на неколку денари за килограм – рекоа повеќе градинари од селото Банско.

Како штом информираат оттаму, поголемите производители на зелка и тие што порано ја засадиле веќе се при крај на бербата, а екот се очекува да се случи во првите десетина денови од наредниот месец.

Покрај пролетната зелка тече откупот и на лутите пиперки, кои се откупуваат по 7 денари за парче и од почетокот на бербата имаат континуирана откупна цена.

Инаку, во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под пролетна зелка и се очекува принос од над 50 илјади тони.

Share This Article