„Али Ахмети веќе ја предаде војната на Албанците, правејќи коалиции со малцинствата“. Ова го рече Изет Меџити, лидер на опозициската партија Демократско движење, кој синоќа гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
– Тие што слушаат патриотска музика, а ноќе се среќаваат со Дудуш, преминаа од албански национален концепт во некаков божемен граѓански концепт – изјави лидерот на опозициското Демократско движење, реагирајќи на веста дека лидерот на ДУИ Али Ахмети постигнал договор за коалицирање со Курто Дудуш, претседател на ромската партија Сојуз на Ромите и за нејзин влез во таканаречениот „Европски фронт“.