More

    Пријателот почнал да го спушта, сепак со ратрак бил извлечен повредениот планинар

    spot_img

    Повреден планинар денеска бил спасен од падините на Шар Планина. Со специјално возило за длабок снег – ратрак спасувачки тим го презел од местото каде што се наоѓал и го спуштил до скијачкиот центар каде што му е укажана медицинска помош, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Во ЦУК околу 14:00 на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, е добиен повик за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан.

    „Планинарот се повредил кога се симнувал со својот другар по источната страна кон месноста „Мал Турчин“. Двајцата биле последни од групата со која што оделе. Заостанале малку и најверојатно, брзајќи за да ги стигнат колегите, едниот од нив се лизнал и опасно ја повредил ногата. Местото на настанот е високо во планината, до каде треба повеќе од три, четири или повеќе часови да се стигне, под услов веднаш да тргне специјализиран спасувачки тим, што се во ниските делови од пределот. Но, во конкретниот случај соработката и меѓусебната координација на институциите, службите и приватните фирми овозможи да се пронајде многу брзо решение и на помош бил употребен ратрак на приватната фирма „Ескимо Фрирајд“, коишто во тој предел биле на прошетка со туристи. Тимот на „Ескимо Фрирајд“, и самиот составен од пасионирани планинари, иако во моментот превезувал туристи, несебично веднаш тргнал нагоре кон повредениот кого неговиот другар веќе почнал пополека да го спушта, свесен дека како што ќе одминува денот, така се постудено ќе станува и се полизгаво“, наведуваат од ЦУК.

    ЦУК, заедно со другите инволвирани институции (Полицијата од Тетово, Националниот парк, Итната медицинска помош, планинари и други) биле во постојана координација и комуникација за да се изнајде оптимално и брзо решение за спасување на повредениот. Така и се добила информацијата дека ратрак на „Ескимо Фрирајд“ е во тој предел нешто подолу во туристичка прошетка, со што било остварено спасувањето толку брзо.

    Повредениот планинар во 15:00 часот се јавил во Регионалниот ЦУК Тетово и се заблагодарил на сите што така брзо реагирале за да му помогнат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img