More

    Шампионските патики на Мајкл Џордан се продадени за 8 милиони долари

    spot_img

    Патиките на Мајкл Џордан се продадени за неверојатни 8.000.000 долари! Тоа е апсолутен рекорд кога станува збор за спортските обувки и нивната продажба на колекционерски аукции, според вестите на CBS.

    Што е толку вредно? Има шест пара патики „Air Jordan“, по еден од последните натпревари од шампионската серија во 1991, 1992, 1993, 1996, 1997 и 1998 година!

    Акционерската компанија „Сотбис“, преку која беше завршена целата зделка, на оваа тема објави:

    – Потсетувањето на трајното влијание на Мајкл Џордан врз светот на спортот и опипливиот артефакт на неговиот статус на кошаркарска легенда дополнително се потврдуваат со овој монументален резултат на аукцијата – рече претставникот на Сотби, Брам Вахтер.

    Тие не го објавија името на продавачот, но рекоа дека станува збор за „приватен американски колекционер“ кој ги купил патиките Џордан од долгогодишниот извршен директор на Чикаго Булс.

    – Џордан првпат ги донира своите патики на клубот по шампионскиот натпревар во 1991 година и оттогаш продолжува да го прави тоа секоја година – се вели во соопштението на Сотби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img