More

    Британски товарен брод оштетен во напад со беспилотни летала кај брегот на Јемен

    spot_img

    Британски товарен брод е оштетен синоќа во напад со дрон во Црвеното Море кај брегот на Јемен, соопшти компанијата за безбедност на поморскиот транспорт Амбри.

    Бродот, кој плови под знамето на Барбадос, претрпел „мали оштетувања“, се вели во соопштението.

    Британската агенција за поморска безбедност (UKTMO) соопшти дека бродот бил оштетен кога бил на 57 наутички милји, или околу 105 километри, западно од пристаништето Ходеида, контролирано од Хутите.

    Соединетите Држави синоќа извршија нов напад врз Хутите во Јемен, при што беа насочени два беспилотни летала со експлозив, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Центком).

    Американските сили ги засилија операциите во Јемен и во близина на брегот на земјата разурната од војна, со цел да ги заштитат бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив од нападите на Хутите.

    Бунтовниците Хути ги поддржуваат Палестинците во Газа, каде Израел се бори против исламистичкото движење Хамас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img