Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта пред влез на филијала на банка во атинска населба во централниот дел на градот. Од експлозијата предизвикана е материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, експлозивот бил поставен околу три часот утрово, а оштетен бил влезот на банката, како и автомобил паркиран во близина.
„Експлозијата го оштети влезот и скрши некои прозорци“, изјави претставник на локалната полиција, додавајќи дека некои згради во близина претрпеле мала штета.
Полицијата ги опколи повеќето улици во областа околу местото по предупредувачкиот телефонски повик до локалната информативна мрежа.
Еуробанк е трета по големина банка во Грција според активата. Нападите врз компании, полицајци и политичари се чести инциденти во Грција,