Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Унгарија го поддржува приемот на Шведска во алијансата и дека парламентот во Будимпешта наскоро ќе го ратификува барањето на Стокхолм.
„Имав добар телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Ја поздравувам јасната поддршка на Орбан и неговата влада за членството на Шведска во НАТО“, рече Столтенберг.
Тој додаде дека се радува на фактот дека унгарскиот парламент ќе го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО штом ќе се состане, пренесува Ројтерс.