More

    Рајан Гослинг за номинациите за Оскар – „Разочаран сум“

    spot_img

    Номинации најпрестежните филмски награди, бјавени се номинациите за Оскар, а еден филм крена прашина. „Барби“ заработи осум номинации, но Академијата не ја номинираше Грета Гервиг, режисер и сценарист, како и Марго Роби, главната актерка, додека Рајан Гослинг беше номиниран за најдобра споредна машка улога во филм.

    Таа одлука ги разбесни фановите кои ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а изгледа не му се допадна ниту на актерот кој го глумеше Кен.

    „Малку е да се каже дека сум само разочаран што тие не се номинирани во нивните категории“, рече Гослинг во неговата изјава.

    „Многу сум почестен што сум номиниран покрај моите неверојатни колеги кои глумеле во други одлични филмови. И никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но неверојатно сум горд што ја отелотворив пластичната кукла по име Кен“, додаде тој.

    „Но, нема Кен без Барби, и нема филм за Барби без Грета Гервиг и Маргот Роби, кои се најзаслужни за овој неверојатен филм“, заклучил тој. Со слично мислење е и неговата колешка Америка Ферера, која за „Вариети“ изјави дека е многу разочарана што Роби и Гервиг не биле номинирани.

    Да потсетиме, очекувано, филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ доби 13 номинации. Следува „Кутри нешта“ со Ема Стоун со 11 номинации, додека драмата на Мартин Скорсезе „Убијци на црвената месечина“ доби 10.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img