More

    Борел побара поддршка за Украина на самитот во Брисел

    spot_img

    Стабилноста најдобро се овозможува со проширувањето, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, по пристигнувањето на самитот на Европскиот совет во Брисел.

    Тој рече дека проширувањето е „најсилниот капацитет за стабилност“ што го има ЕУ, не само кога станува збор за Украина, туку и за земјите-кандидати на Балканот и рече дека затоа е важно да се донесат правилни одлуки на денешниот самит.

    Борел на новинарите пред самитот им изјави дека прашањето за проширувањето ќе биде важен дел од дискусиите на самитот што се одржува денеска и утре.

    – Проширувањето е најважната надворешна политика – нагласи Борел.

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност пред самитот во Брисел изјави дека ЕУ мора да ја поддржи Украина „колку што е можно“ и посочи дека тоа е егзистенцијално прашање за Европа.

    Тој посочи дека за време на самитот ќе ги извести лидерите за работата поврзана со безбедносните обврски на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img