More

    Започнаа разговорите меѓу земјоделците и Ана Брнабиќ во Владата на Србија

    spot_img

    Осум земјоделци од четири здруженија дојдоа на средба со премиерката Ана Брнабиќ, која требаше да започне денеска напладне.

    На средбата во Владата присуствуваат претставници на четири здруженија кои се потписници на договорот постигнат оваа пролет со Владата на Србија.

    На Владата и се приклучија претставници на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Здружението на земјоделски производители од Суботица, Асоцијацијата на здруженија на земјоделци од Банат и Здружението на земјоделци од Арадац.

    Бараат да се исполни договорот, односно земјоделците да бидат ослободени од акциза за горивата на сите пумпи низ државата, да се регулира пазарот на жито, како и да се договорат субвенции за 2024 година.

    Средбата беше договорена во понеделникот вечерта по директен телефонски разговор меѓу премиерот и земјоделците.

    Преговорите се затворени за јавноста, а како што беше кажано за медиумите – договори нема да има, но разговорите за тоа како да се договорат се уште траат.

    Земјоделците денеска продолжија да блокираат неколку патни правци низ земјава, а во пресрет на почетокот на средбата блокиран е и Темерински мост во Нови Сад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img