More

    Судската и јавнообвинителската администрација од денеска повторно на протест

    spot_img

    Незадоволни од платите и со желби да им се покачат колку на функционерите, вработените во судската и јавнообвинителската администрација денеска повторно на протест. Бараат покачување на платите од 78 отсто и враќање на додатокот за работа од 35 отсто.

    Велат дека неделава постои можност за организирање и на генерален штрајк, доколку нема одговор на нивните барања со што би се блокирала работата на судовите. Синдикалците се пожалија оти во новодонесениот Буџет, кој тежи пет и пол милијарди евра, не биле предвидени средства за нив.

    Велат дека доколку се нема слух за нивните барања, ќе престанат со работа со што во прашање ќе се доведе судството во земјата, а тоа како што велат многу поскапо ќе ја чини државата.

    Досега претставници на УПОЗ одржаа две средби со надлежните од Владата, кои завршија без конкретна понуда за решавање на проблемот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img