More

    ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ ЌЕ БИДЕ КРЕМИРАН Последното испраќање в понеделник во Белград

    spot_img

    Последното испраќање и кремирањето на славниот актер Жарко Лаушевиќ ќе се изврши во понеделник на 20 ноември во 14 часот на Новите гробишта во Белград. Таква одлука донесе неговото семејство, телото на актерот да биде кремирано.

    Жарко Лаушевиќ почина на 15 ноември 2023 година, на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

    Актерот му оставил аманет на семејството да биде кремиран и неговиот погреб да биде во Белград. Инсистирал погребот да биде без големи церемонии и говори, во најтесниот круг на блиски луѓе, потврдил изворот за споменатиот портал.

    Лаушевиќ, кој е роден во Цетиње, поголемиот дел од кариерата го помина врзан за Белград, па неговата желба и не е изненадување.

    Во чест на драмскиот уметник ќе се одржи комеморација на која ќе говорат пријатели и колеги, а од него ќе можат да се простат сите почитувачи на неговиот лик и дело. Датумот и времето на комеморација Југословенскиот драмски театар, кој беше негова матична сцена од 1982 година до 1994 година, ќе ги соопшти подоцна.

    Кремирањето не беше толку распространето во Балканот, како во некои други подалечни земји, но во последната деценија е во постојан пораст. Српската православна црква кремирањето не го смета за христијански обичај, но на своите верници им го одобрува по нивна желба, со тоа што во тој случај свештеникот го извршува обредот пред кремирањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img