More

    Најмалку 38 лица загинаа во ракетирање во близина на аеродромот во Алепо

    spot_img

    Сириската армија тврди дека израелските воздушни напади рано во петокот во близина на северниот град Алепо убиле и раниле неколку луѓе и предизвикале материјална штета, додека безбедносни извори на кои се повикува Ројтерс соопштија дека најмалку 38 лица биле убиени, пишува ТајмсОфИзраел.

    Сириските државни медиуми цитираа неименуван воен претставник кој рекол дека израелските напади се совпаднале со нападите со беспилотни летала на сириските бунтовнички групи врз цивилни цели во Алепо и неговите предградија. Тој не даде точен број на жртви.

    Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, опозициски воен мониторинг со сомнително финансирање и извори, рече дека израелските напади погодиле ракетни складишта за либанската терористичка група Хезболах во јужното предградие Џибрин во Алепо, во близина на меѓународниот аеродром во Алепо.

    Се додава дека во нападите загинале 36 војници, а десетици се ранети. Опсерваторијата соопшти дека експлозии сè уште се слушале два часа по нападите.

     

     

    Два безбедносни извори, цитирани од Ројтерс, рекоа дека во нападите загинале 38 лица, вклучително и пет членови на Хезболах.

    Сириската државна новинска агенција САНА јави дека во нападот пред зори загинале и биле ранети цивили, како и воен персонал, но не наведе бројки на повредени или загинати лица.

    Засега нема изјава од израелските власти за нападите. Израел често изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но ретко ги признава.

    Во четвртокот, сириските државни медиуми објавија воздушни напади во близина на главниот град Дамаск, велејќи дека биле ранети двајца цивили.

    Алепо, најголемиот сириски град и некогаш негов трговски центар, беше под такви напади во минатото што доведоа до затворање на неговиот меѓународен аеродром. Нападот не се одрази на аеродромот.

    Во меѓувреме Израелските одбранбени сили ИДФ се пресметуваат со Хезболах на либанско-израелската граница.

    Нападите ескалираа во последните пет месеци во позадина на војната во Газа и тековните судири меѓу Хезболах и израелските сили на либанско-израелската граница.

    Најмалку 346 луѓе се убиени во Либан – главно терористи на Хезболах, но и најмалку 68 цивили – во судирите со Израел во последните шест месеци, според извештајот на АФП.

    Во борбите се раселени и десетици илјади луѓе во јужен Либан и во северниот дел на Израел, каде што ИДФ соопшти дека загинале 10 војници и осум цивили.

    Додека Хезболах поддржан од Иран е либански, тој испрати терористи во Сирија за да го поддржат својот сојузник, сирисиот претседател Башар ал-Асад откако избувна бунтот против неговото владеење во 2011 година.

    Оттогаш Хезболах продолжи да дејствува во Сирија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img